• сабота, 06 декември 2025

Градоначалник на Москва: Соборени дронови кои се движека кон руската престолнина

Градоначалник на Москва: Соборени дронови кои се движека кон руската престолнина

Москва, 7 мај 2025 (МИА) - Девет украински дронови кои се движеа кон Москва се соборени, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собијанин.

На платформата Телеграм, Собијанин соопшти дека точно девет украински дронови биле неутрализирани во последните неколку часа, „додека се приближувале кон Москва“.

„Експерти од итните служби пристигнаа на местата каде што паднале остатоците од беспилотните летала“, изјави Собијанин и додаде дека инцидентот се случил во време кога во Москва веќе пристигнале неколку странски лидери, меѓу кои претседателите на Кина и Бразил, Си Џинпинг и Луис Инасио Лула да Силва.

Според руските и српските медиуми, во Москва денеска пристигна и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој в петок треба да присуствува на воената парада по повод Денот на победата во Втората светска војна. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан