Градоначалник на израелскиот град Метуле: Нетанјаху и Владата не ни помогнаа
- Градоначалникот на северниот израелски град Метуле, Давид Азолаи изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада не му помогнале на неговиот град, кој се наоѓа во близина на границата со Либан.

Тел Авив, 23 јуни 2024 (МИА) - Градоначалникот на северниот израелски град Метуле, Давид Азолаи изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада не му помогнале на неговиот град, кој се наоѓа во близина на границата со Либан.
„Вчера беа оштетени три куќи, а сите дворови во улици беа опожарени. Оштетени се околу 40 отсто од приватните куќи, а во претходните осум месеци беа запалени речиси 200. Израелската влада исчезна, а премиерот веројатно е зафатен со други работи“, изјави Азолаи за Военото радио.
Од 8 октомври, по почетокот на војната меѓу палестинскиот Хамас и Израел, либанскиот Хезболах речиси секојдневно го напаѓа израелското население и воените објекти на границите на двете земји со ракети, беспилотни летала и противтенковски ракети. рп/
Фото: ЕПА