Градоначалникот Ѓорѓиевски во посета на децата кои бесплатно летуваат во Охрид
- СООПШТЕНИЕ/ Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчеравечер ги посетил дечињата од општина Кисела Вода кои бесплатно летуваат во детското одморалиште „Радости”. Заедно логоруваа, возеа кајак, спортуваа, правеа скара и се дружеа.
Скопје, 24 август 2024 (МИА) - Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчеравечер ги посетил дечињата од општина Кисела Вода кои бесплатно летуваат во детското одморалиште „Радости”. Заедно логоруваа, возеа кајак, спортуваа, правеа скара и се дружеа.
Градоначалникот и се заблагодарил на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и кои одвоија од своето време да се дружат со дечињата на бесплатниот спортскиот камп организиран од Општина Кисела Вода.
- Каква прекрасна вечер!Вечерва во Охрид ги посетив моите другарчиња кои бесплатно летуваат во детското одморалиште „Радости”.Логорувавме, правевме скара, многу се забавувавме, возевме кајак, спортувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење, незаборавни спомени и вечни пријателства. Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас - ја имав таа чест во прво лице! Се договоривме на следна дружба наредната година, на следно летување и уште помасовно, со уште повеќе дружење и, како што беше нивното барање - да ги дружам цело време. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа. Ова е она за кое се бориме, детската радост. Огромно благодарам до менаџментот на детското одморалиште ,,Радости” за професионалниот однос, за одличниот пречек и грижата за нашите дечиња. Благодарам и на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и одвоија од своето време да се дружат со дечињата. Дечки, се гледаме повторно догодина, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. цр/
Фото: Општина Кисела Вода