• вторник, 05 ноември 2024

Градоначалникот Трајковски го потпиша договорот за реализација на три инфраструктурни проекти

Градоначалникот Трајковски го потпиша договорот за реализација на три инфраструктурни проекти

Делчево, 19 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска во Владата го потпиша договорот за реализација на три инфраструктурни проекти, информираа од Општината. Со поддршка на Владата на РСМ, како што додадоа ќе се градат нови улици во три населби во градот, со што ќе се создадат услови за подобар квалитет животот на граѓаните, а со современи сообраќајници ќе се заменат досегашните земјени улици.

-Договорот за реализација на проектите е вреден 15,7 милиони денари. Конкретно за Делчево ќе се реализира изградба на улица „ 3“, „5“и „6“ во населба „Пролет“, во должина од 510 метри со  вредност од 9.225.000 денари, изградба на краци на улица „Орце Николов“ во должина од 300метри, со вредност од 3.640.000 денари и изградба на дел од улица- булевар „Македонија“ во должина од 141метри во вредност од 2.878.000 денари, информираа од Општината.

Со реализацијата на овој инфраструктурен проект, како што додадоа, ќе се поврзе  булеварот „Македонија“ со улицата „Пере Тошев“.

Градоначалникот Трајковски по потпишувањето на договорот нагласи дека реализацијата на овие проекти е одговор на барањата на нашите сограѓани и чекор повеќе за убав и модерен изглед на Делчево.

-Владата на РСМ одговара на барањата на општините и на граѓаните, во Делчево, конкретно, со проекти и со средства. Изразувам благодарност за поддршката на Делчево и ми претставува задоволство што оваа 2023 година ја завршуваме со најавата за реализација на нови проекти, значајни за граѓаните, рече Трајковски.

Активностите за реализација на проектите ќе започнат на почетокот на 2024 година. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан