• понеделник, 23 септември 2024

Градоначалникот на Делчево, Трајковски на традиционална ифтар вечера

Градоначалникот на Делчево, Трајковски на традиционална ифтар вечера

Делчево, 19 април 2023 (МИА) - Претставници од Општина Делчево, заедно со градоначалникот Горан Трајковски синоќа беа на традиционалната ифтар вечера по повод рамазанските пости во џамијата Мехмет Фатих II .

Трајковски упати порака за продолжување на соживотот меѓу населението, како препознатлив белег на градот Делчево.

- Делчево треба да се гордее со долгогодишното живеење и негување на овие традиции затоа што имаме долга историја на заеднички соживот и постоење. 
Делчево е град на сите граѓани без разлика на нивната национална или верска припадност, истакна Трајковски, на традиционалната ифтар во организација на Општина Делчево. вс/цр
 
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан