• сабота, 21 февруари 2026

Градоначалникот Митовски го посети Марк, првото новороденче годинава во Крива Паланка

Градоначалникот Митовски го посети Марк, првото новороденче годинава во Крива Паланка

Крива Паланка, 21 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка денеска го посети првото новороденче во општината во 2026 година, машко бебе, на кое му беа врачени подароци, а како и за секое новореденче од градот, локалната самоуправа доделува еднократна парична помош во износ од 15.000 денари.

Од службата за комуникација со јавност на општината истакнаа дека посетата е дел од континуираните активности на Општина Крива Паланка за поддршка на младите семејства и афирмација на наталитетот.

Митовски потенцира дека секогаш е посебно задоволството да се посети првиот нов жител на општината во новата година, со акцент дека овојпат настанот носи посебна, лична убавина за него.

-Со таткото Дарко сме другари од најраните детски денови, додека мајката Ивана пак, е асистент во мојот кабинет и дел од тимот со кој секојдневно работиме за подобра Крива Паланка. На ова прекрасно семејство му упатувам најискрени честитки и желби за добро здравје, семејна среќа и многу заеднички радосни моменти, а на нашиот најмал сограѓанин Марк, му посакувам среќно и безгрижно детство во град што се грижи за своите најмлади. Општина Крива Паланка и понатаму останува цврсто посветена на поддршката на младите семејства. Од оваа година, финансиската поддршка што ја обезбедува општината за секое новороденче изнесува 15.000 денари, како јасна порака дека секој нов живот е вредност и инвестиција во иднината на нашиот град, истакна Митовски.

Марк е второ дете во семејството Ангеловски, кои го имаат тригодишниот син, Матео.ид/

Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан