• четврток, 04 декември 2025

Градоначалникот Грозданов го посети Дневниот центар за деца со попреченост

Градоначалникот Грозданов го посети Дневниот центар за деца со попреченост

Кочани,3 декември 2025 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов го посети Дневниот центар за деца со попреченост во Кочани. 

Во присуство на директорката на Центарот за социјални работи Марија Гицова и на стручни служби, на децата што ги користат услугите од Дневниот центар им беа доделени подароци и беше разговарано за нивните потреби и за тековните активности, информира Општината.    

– И како граѓанин и како градоначалник сметам дека овој ден не е единствен кога треба да  направиме нешто за овие лица,  туку денес треба да се потсетиме на нашите постојани обврски  кон нив, вели Грозданов. 

Во насока на подобрување на можностите за лицата со попреченост, Општина Кочани, граѓанска организација и СОУ „Љупчо Сантов“ го реализираат проектот „D-DAYS“ од програмата  „Еразмус плус“, во кој целна група се децата со попреченост. Проектот има за цел да им ги подобри вештините на децата со попреченост и да ја помогне нивната инклузија. ис/дма/

фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан