• петок, 05 декември 2025

Во Битола се одржа панел „Биди промена, биди поддршка...“

Во Битола се одржа панел „Биди промена, биди поддршка...“

Битола, 4 декември 2025 (МИА) - Општина Битола во соработка со основното училиште ресурсен центар ,,Кочо Рацин”, одржаа панел дикусија со наслов „Биди промена, биди поддршка – со перспектива, иновација и заедничка акција до успешна едукација и рехабилитација“.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека, јавниот настан се одржа во рамки на манифестациите посветени на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

- Овој ден не е само потсетник, туку и поттик да продолжиме со конкретни чекори во унапредувањето на инклузивните политики на локално ниво. Во изминатиот период, Општина Битола работи на развивање пристапна инфраструктура, подобрување на образовните услуги, поддршка на ресурсните центри и соработка со училиштата и граѓанските организации. Наш приоритет е да создадеме средина во која секое дете и секој млад човек со попреченост ќе добие навремена, квалитетна и персонализирана поддршка. Локалната самоуправа ќе продолжи да инвестира во програми кои ја промовираат еднаквоста, пристапноста и активното учество. Инклузијата не е само политика – тоа е јадро на развојот на една современа и хумана заедница, истакна градоначалникот Коњановски на панелот во Битола.

Во јавната дискусија учествуваа и инклузивни дефектолози од редовните училишта, Центарот за поддршка, доктори од Здравствениот Дом, професори од Славјанскиот Универзитет и Високата медицинска школа, детските градинки од Битола, и претставници на Завод за рехабилитација на слух, говор, глас- Битола и Заводот за ментално здравје.мт/

Фото: Општина Битола

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан