Градежни активности на улици во Штип
- Во тек се градежни активности на улицата „Димo Хаџи Димов“ во Штип. Согласно Програмата за работа предвидено е крак од оваа улица да биде поплочен со бекатон плочки, со што ќе се уреди и модерен изглед ќе добие овој дел од градот.
Штип, 8 мај 2025 (МИА) - Во тек се градежни активности на улицата „Димo Хаџи Димов“ во Штип. Согласно Програмата за работа предвидено е крак од оваа улица да биде поплочен со бекатон плочки, со што ќе се уреди и модерен изглед ќе добие овој дел од градот. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска информираше дека ова е на барање на жителите и со него се решава долгогодишно барање и се создаваат подобри услови за движење и живот.
Улицата претходно беше со коцка, но уништена и нефункционална. Активностите на терен треба да завршат во текот на наредната недела. Бекатон плочки ќе се постават на квадтарура од 496 метри квадратни, а вредноста на оваа инвестиција е нешто повеќе од 830 илјади денари.
Тој истакна дека истовремено завршено е асфалтирањето на улицата „Четврта Македонска бригада“ во Штип, а се работи на повеќе локации во градот, со цел подобри и помодерни услови за граѓаните. Станува збор за улица со вкупна површина од 670 метри квадратни и вредност од 373 илјади денари,
Активности на терен имаат и екипите на ЈП „Исар“-Штип. Од вчера започна и ноќно миење на улиците во централното градско подрачје. вдј/
Фото: МИА