• среда, 05 февруари 2025

Го одби Реал Мадрид и ќе остане во Минхен до 2030 година: Дејвис ја продолжи соработката со Баерн

Го одби Реал Мадрид и ќе остане во Минхен до 2030 година: Дејвис ја продолжи соработката со Баерн

Минхен, 4 февруари 2025 (МИА) - Се зборуваше многу за негов трансфер во Реал Мадрид, „кралскиот клуб“ дури испрати и официјална понуда за него, но преселба во Шпанија не се случи бидејќи Алфонсо Дејвис го одби Флорентино Перез и потпиша продолжување на договорот со Баерн Минхен до 2030 година.

Ќе има и покачување на платата за Канаѓанецот, кој е можеби најдобриот лев бек во светот. Мадрид очајно сака да ја засили таа позиција, па не е ни чудо што го контактирале Дејвис. Сепак, капитенот на Канада одлучи да остане посветен на проектот што го гради тренерот на Баерн, Винсент Компани, и ќе игра на „Алијанц Арена“ во следните пет сезони.

Дејвис во Минхен дојде на 19 години, а кариерата ја започна во вториот тим. Во 2019 година беше промовиран во А тимот, а во текот на седум сезони одигра 151 натпревар и постигна девет голови. Тој ја освои Лигата на шампионите во 2020 година со германскиот клуб, како и пет последователни титули во Бундеслигата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан