• сабота, 13 декември 2025

Гоцевски: Соработка и обединетост се клучни за напредокот на Делчево

Гоцевски: Соработка и обединетост се клучни за напредокот на Делчево

Делчево, 17 октомври 2025 (МИА) - Во Делчево вечерва завршното обраќање имаше кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Иван Гоцевски.

Заедно со носителката на советничката листа Андријана Илиевска - Велковски, Гоцевски ја презентираше својата визија за развој на општината и ги резимираше активностите од тековната изборна кампања.

Во своето обраќање, Гоцевски истакна дека фокусот на неговата програма е „враќање на надежта и развојот на Делчево на прав пат“, со цел обезбедување еднакви можности за сите жители на градот и околните села.

Тој посочи дека досегашниот дијалог со граѓаните бил исклучително значаен за разбирање на потребите на локалната заедница и за формулирање на конкретни проекти за идниот развој.

Кандидатот се заблагодари на граѓаните за досегашната поддршка и ја нагласи важноста на граѓанската ангажираност во локалните процеси, истакнувајќи дека заедничката соработка и обединетост се клучни за напредокот на Делчево. вс/хс/


Фото: принтскрин објава на Иван Гоцевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан