Гори кулата на готската катедрала во францускиот град Руан
- Телевизиските снимки на BFM покажаа темен облак чад што се издигнува од кулата и луѓе со ужасен изглед на улиците. Сцената потсетуваше на разорниот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз во 2019 година.
Руан, 11 јули 2024 (МИА) – Пожар ја зафати кулата на готската катедрала во францускиот град Руан, во Нормандија, покажуваат телевизиските слики.
Катедралата, една од најубавите во Франција, била насликана неколку пати од импресионистичкиот уметник Клод Моне во 19 век.
Телевизиските снимки на BFM покажаа темен облак чад што се издигнува од кулата и луѓе со ужасен изглед на улиците. Сцената потсетуваше на разорниот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз во 2019 година.
BREAKING: The cathedral in Rouen, France is in flames.
— PeterSweden (@PeterSweden7) July 11, 2024
It's known for being one of the most spectacular gothic buildings.
I will keep you updated on any developments.pic.twitter.com/XS5i0pILZf
Локален функционер изјави дека катедралата е евакуирана, а итните служби се на терен.
Околу зградата се поставени безбедносни барикади.сд/
фото:Х