• петок, 05 декември 2025

Голем интерес за реализација на настани од културата до „Трајко Прокопиев“ пристигнале на конкурсот на Министерството за култура

Голем интерес за реализација на настани од културата до „Трајко Прокопиев“ пристигнале на конкурсот на Министерството за култура

Куманово, 17 ноември 2023 (МИА) - Седумдесетина млади и креативни уметници од Куманово аплицирале на конкурсот за реализација на проекти од културата на конкурсот кој го објави Министерството за култура, информираа денеска од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

-Станува збор за конкурс на кој можеа да се пријават млади ументици. И лани и годинава имавме голем интерес, преку 70 апликации. Мора да потенцираме дека комиисијата од Министерството одлучува за апликациите, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Центарот дава согласност за одобрување простор и техничка поддршка за органаирање настани наредената година.

Младите уметници аплицирале за проекти од музичка дејност, драмска, уметнички перформанси, ликовни изложби, колинии…

- Лани беа одобрени 50 отсто од проектите, се надеваме дека и годинава ќе бидат одобрени сличен број. Покрај уметници од Куманово, има апликации на уметници и од останатите градови, изјави Тодоровски.

Просторот во НУЦК е голем, но проблемет е во затоплувањето на објектот. Проектот е веќе подготвен и, треба да се обезбедат средства. Инаку, сè уште реконструкцијата на театарот кој е одвоен објект од Центарот за култура. ам/љм

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан