• петок, 27 септември 2024

Големи премии за Лацио при освојување на титулата

Големи премии за Лацио при освојување на титулата
Рим, 16 јуни 2020 (МИА) - Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одделил бонуси од 18 милиони евра што ќе ги добијат „орлите“, доколку ја освојат титулата во Италија, пренесува „Кориере дело Спорт“. Според информациите, раководството и играчите постигнале договор за бонусите, а за секој од нив ќе бидат потребни околу 400.000 евра доколку Скудетото „слета“ во Рим. Лацио е втор во пласманот по лидерот Јувентус пред продолжението на Серија „А“ овој викенд. Претседателот на Лацио и фудбалерите се согласија да не земаат месечна плата за време на паузата поради пандемијата, а уште една плата е одложена за декември.

Тагови

Остани поврзан