• понеделник, 13 мај 2024

Големата награда на Мексико ќе остане во календарот на Формула 1 до 2025 година

Големата награда на Мексико ќе остане во календарот на Формула 1 до 2025 година
Лондон, 27 октомври 2022 (МИА) - Големата награда на Мексико ќе остане во календарот на Формула 1 и во наредните години, соопшти прес-службата на Меѓународната автомобилска асоцијација. Новиот договор е на три години и истекува на крајот од сезоната 2025 година. Големата награда на Мексико се врати во календарот на шампионатот во 2015 година. Во 2020 година, етапата беше откажана поради пандемијата на коронавирус, а повторно беше на натпреварувачкиот календар во сезоната 2021 година. Трката за Големата награда на Мексико во Формула 1 годинава ќе се одржи в недела (30 октомври) патеката „Браќата Родригез“. зс/

Остани поврзан