• недела, 24 март 2024

Голден Арт задржа четворица важни ракометари за следната сезона

Голден Арт задржа четворица важни ракометари за следната сезона

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Ракометниот клуб Голден Арт денес ги продолжи договорите со четворица ракометари, кои минатата година беа важен дел од тимот предводен од Владимир Глигоров.

 

Станува збор за десното крило Мице Шилегов, левото крило Есад Дрпљанин и двајцата ракометари на бековските позиции, лев и среден бек, Христијан Милошески и Марио Миланов.

 

- Шилегов минатата година дојде од Охрид и беше еден од најдобрите стрелци во клубот, Милошески одигра солидно во два правци, презентирајќи се во високо потентен лев бек шутер,  Есад Дрпњанин и покрај сериозната повреда на рамото, како млад ракометар покажа дека може да биде одлично решение во иднина и Марио Миланов, после промената на главниот тренер на клубот заблеска и се промовираше себеси во лидер на тимот во нападот. Голден Арт, според планот и политиката на клубот, во следните денови ќе излезе со информација за евентуални засилувања на клубот и обновување договори со останатите ракометари кои во изминатите година две беа важна алка од подемот на клубот, стои во клупското соопштение.

 

Следната сезона Голден Арт ќе биде дел од најквалитетното ракометно натпреварување во државата. зс/

Остани поврзан