• недела, 22 декември 2024

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јули е потврдена на 2,6 отсто

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јули е потврдена на 2,6 отсто

Брисел, 20 август 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлација во еврозоната се зголеми во јули од јунските 2,5 на 2,6 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска Евростат.

Во јули цените на енергенсите се зголемија за 1,2 отсто на годишно ниво, со значително забрзување во однос на јунските 0,2 отсто, а индустриските производи за 0,7 отсто, со исто темпо како и во јуни.

Наспроти тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемени за четири отсто на годишно ниво, а на храната, алкохолот и тутунот за 2,3 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од јуни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан