• среда, 10 април 2024

Годишната инфлација во Шпанија најниска во последните шест месеци

Годишната инфлација во Шпанија најниска во последните шест месеци

Мадрид, 29 февруари 2024 (МИА) – Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Шпанија падна од 3,4 отсто во јануари на 2,8 отсто во февруари и сега е најниска во последните шест месеци, соопшти денеска шпанскиот национален институт за статистика (ИНЕ).

Во февруари е забележан значаен пад на цената на струјата во однос на истиот месец лани.

На месечна основа, шпанската инфлација се зголеми за 0,3 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот, се наведува на веб-страницата на ИНЕ.

Базичната инфлација во Шпанија исто така падна во февруари, од јануарските 3,6 на 3,4 отсто на годишно ниво и сега е најниска од март 2022 година.

Годишната стапка на базичната инфлација во Шпанија паѓа веќе седми месец по ред.

Остани поврзан