• недела, 22 декември 2024

Годишен раст на производството на велосипеди во ЕУ од 10 отсто 

Годишен раст на производството на велосипеди во ЕУ од 10 отсто 

Брисел, 14 септември 2023 (МИА) – Во текот на минатата година во Европската Унија биле произведени 14,7 милиони велосипеди, што претставува раст од 10 проценти во споредба со 2021-та, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. 

Според овие податоци, ланското производство на велосипеди во ЕУ во споредба со она во 2012 година е зголемено за 29 отсто. 

Најголем производител на велосипеди во Унијата во 2022 година била Португалија со произведени вкупно 2,7 милиони парчиња. 

По неа следуваат Романија со 2,6 милиони, Италија со 2,5 милиони, Германија со 1,7 и Полска со еден милиони произведени велосипеди. 

Како што посочува Евростат, возењето велосипед го поттикнува индивидуалното здравје и благосостојба и со потенцијална замена за користење на автомобили, придонесува за намалување на загадувањето на воздухот.  

- Тоа е еколошки и здравствено свесен начин на транспорт, се додава во соопштението. сп/

Фото: МИА Архива/Евростат

Остани поврзан