Гласањето во Прилеп почна навреме и се одвива непречено, како и во Крушево, Кривогаштани и Долнени
- Навреме и непречено почна изутринава денешното гласањето во Прилеп и во општините во Регионот, информираа од општинските изборни комисии.
Прилеп, 19 октомври 2025 (МИА) - Навреме и непречено почна изутринава денешното гласањето во Прилеп и во општините во Регионот, информираа од општинските изборни комисии.
-Нема никаков проблем. Гласањето на сите избирачки места почна точно во 7 часот и се одвива непречено, вели Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.
Во Прилеп денеска се гласа на 126 избирачки места, а своето право на глас го остваруваат 62 053 избирачи. Тие денеска треба да бираат меѓу 9-те кандидати за градоначалници и за една од 11-те советнички листи.
Во Крушево гласаат 7768 граѓани со право на глас на 22 избирачки места. Во крушево се 4 кандидати за градоначалник и 6 советнички листи.
Во општина Долнени, своето право на глас може да го остварат 11 929 гласачи на 39 избирачки места. Во Долнени се избира меѓу 7 кандидати за градоначалници и 14 советнички листи.
Во општина Кривогаштани гласачите бираат меѓу двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи. Денеска гласаат 4 378 запишани избирачи на 13 гласачки места.
е.м.
фото извор МИА