• недела, 22 декември 2024

Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата

Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата

Кишињев, 3 ноември 2024 (МИА) - Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од претседателските избори ќе одлучуваат кој ќе биде претседател на државата.

Избирачките места во земјата се отворени во 7 часот утринава по локално време, а ќе се затворат во 21 часот.

ДПА ги претставува почетните позиции на двајцата претенденти - актуелната проевропска претседателка на земјата, Маја Санду и поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло, поддржан од прорускиот електорат.

Педесет и двегодишната Санду не можеше да добие апсолутно мнозинство на гласањето на 20 октомври - ја поддржаа 42,45 отсто од гласачите. Сепак, ова е највисок резултат меѓу 11-те кандидати.

Нејзиниот ривал Стојаноглу, чија кандидатура беше предложена од проруската партија на социјалистите на Република Молдавија на поранешниот претседател Игор Додон, го зазеде второто место со 25,98 отсто.

И покрај значајната разлика помеѓу Санду и нејзиниот противник во првиот круг, исходот од денешниот втор круг не се смета за предодреден, наведува ДПА.

Молдавија, чија економија главно се потпира на земјоделството, има кандидатски статус за членство во Европската унија, како и Украина. Иако Санду и денеска е фаворит, таа се најде на удар на критиките поради недостигот на економски и социјален напредок во земјата, со население од околу 2,5 милиони.

Педесет и седумгодишниот Стојаногло ја застапува линијата на истовремен стремеж за влез во ЕУ и за одржување добри економски односи со Русија.

Безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите.

По две гласања во октомври, безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите.

По две гласања во октомври, молдавските органи за спроведување на законот соопштија дека шемата за купување гласови била организирана од Илан Шор, протеран олигарх кој моментално живее во Русија и осуден во отсуство во 2023 година за измама и перење пари. Обвинителите велат дека во периодот од септември до октомври на гласачите им биле исплатени 39 милиони долари. Повеќе од 130.000 од нив добиле пари преку руска банка под меѓународни санкции. Шор негира дека сторил неправда.

Своето право на глас во денешниот втор круг можат да го искористат и стотици илјади Молдавци кои живеат во странство - главно во земјите на ЕУ - како и молдавските граѓани во отцепениот регион Придњестровје, контролиран од Русија. Придњестровје беше извор на тензии за време на војната во соседна Украина, особено затоа што таму се наоѓа воена база со 1.500 руски војници.

Претседателот во Молдавија има значителни овластувања во области како што се надворешната политика и националната безбедност. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан