Гладков: Две деца и една жена повредени во напад со дрон во регионот на Белгород
- Две деца и една жена се ранети денеска во селото Нечаевка во руската област Белгород како последица на напад на украински дрон ФПВ, објави на Телеграм гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

Белгород, 20 април 2025 (МИА) – Две деца и една жена се ранети денеска во селото Нечаевка во руската област Белгород како последица на напад на украински дрон ФПВ, објави на Телеграм гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.
- Во областа Белгород, во селото Нечаевка, две деца и една жена се повредени во напад со дрон ФПВ. Сите се во болница и ја добиваат потребната помош, напиша Гладков.
Во видеото кое го прикачи на соопштението, гувернерот на регионот вели дека „непријателот нема ништо човечко во себе“. јт/