• недела, 22 декември 2024

Главна цел на Федерер е пласман на Олимпијадата во Токио

Главна цел на Федерер е пласман на Олимпијадата во Токио
Вашингтон, 15 март 2021 (МИА) - Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во интервју за „Tennis World USA“ зборуваше за неговата главна цел во кариерата. - Сега имам една цел - да дојдам до Олимпијадата во Токио и да настапам таму најдобро што можам. Ова е важно за мене, бидејќи не можев да се натпреварувам во Рио 2016 година поради повреда на коленото. Важно е да се пристапи на турнирот во добра форма, имам уште неколку месеци за тоа, изјави Федерер. Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година. Триесет и деветгодишниот Федерер е олимписки шампион во двојки во 2008 година и финалист во сингл во 2012 година. зс/

Остани поврзан