• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ривалдо: Нејмар ќе има место во секој врвен тим ако продолжи во овој ритам

Ривалдо: Нејмар ќе има место во секој врвен тим ако продолжи во овој ритам

Барселона, 15 март 2025 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилската репрезентација, Ривалдо ги пофали изданијата на напаѓачот на Сантос, Нејмар.

- Тој е одличен играч, ми се допаѓа неговиот стил. Доколку ја задржи моменталната форма во Сантос, постигнува голови и си го врати ритамот, ќе има место во кој било врвен тим. Ако не е Барселона, тогаш ова лето Нејмар ќе се приклучи на друг голем европски клуб, изјави Ривалдо за „Barca Universal“.

Во јануари 2025 година, Нејмар се врати во Сантос, каде ја започна својата кариера. Според странските медиуми, 33-годишниот фудбалер му се приклучил на бразилскиот клуб со цел да ја рестартира својата професионална кариера. 

Нејмар се надева дека ќе се пресели во Барселона во летниот преоден рок. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан