• недела, 22 декември 2024

Германски медиум плати отштета од 200.000 евра за лажно интервју со Шумахер

Германски медиум плати отштета од 200.000 евра за лажно интервју со Шумахер


Минхен, 23 мај 2024 (МИА) – Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, доби паричен надоместок во износ од 200.000 евра од издавачот на германски магазин кој објави „интервју“ со легендарниот германски возач направен со помош на вештачка интелигенција.
Како што денеска јави британската телевизија Скај, портпаролот на семејството ја потврдил пресудата на судот во Минхен и висината на отпремнината што ќе ја плати издавачката куќа на магазинот Актуел (Die Aktuelle).
Уредничката на списанието беше отпуштен минатата година, а издавачот му се извини на семејството.
Магазинот на својата насловна страница на изданието од 15 април минатата година објави фотографија од насмеан Шумахер со наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“. Поднасловот гласеше „Звучи измамливо реално“, а во текстот пишуваше дека цитатите се направени со помош на вештачка интелигенција. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан