Германскиот спасувачки тим заминува од Турција
- Германскиот меѓународен тим за пребарување и спасување (ИСАР) ја заврши својата мисија во североисточниот дел на турската провинција Хатај, погоден од земјотресот, и денеска треба да се врати во Германија

Берлин, 13 февруари 2023 (МИА) - Германскиот меѓународен тим за пребарување и спасување (ИСАР) ја заврши својата мисија во североисточниот дел на турската провинција Хатај, погоден од земјотресот, и денеска треба да се врати во Германија.
- Нема да ги заборавиме овие луѓе. Сега испитуваме кои проекти можеме да ги помогнеме многу брзо и одржливо, се наведува во соопштението на ИСАР.
Германија на 7 февруари испрати 50 спасувачи во Турција за да ги лоцираат и спасат жртвите. Германија ги прекина спасувачките и хуманитарните операции на 11 февруари поради безбедносни проблеми во регионот Хатај. ми/