• сабота, 13 декември 2025

Германскиот канцелар следниот викенд во Израел

Германскиот канцелар следниот викенд во Израел

Берлин, 28 ноември 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе го посети Израел на 6 и 7 декември, првпат откако ја презеде функцијата, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.

Планирано е на 7 декември тој да се состане со премиерот Бенјамин Нетанјаху за да разговараат за билатералните односи, примирјето во Газа и други меѓународни прашања.

Мерц, исто така, ќе го посети меморијалниот центар Јад Вашем и ќе разговара со претставници на граѓанското општество, додаде портпаролот за време на редовниот брифинг со новинарите.

Германија долго време беше еден од најголемите сојузници на Израел, но исто така ја критикуваше владата на Нетанјаху поради стратегијата во војната во Газа.

Овој месец, германската влада одлучи да ја обнови продажбата на оружје на Израел, која ја прекина во август поради војната, но нагласи дека одлуката ќе зависи од почитувањето на примирјето и големата испорака на хуманитарна помош. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан