• понеделник, 23 декември 2024

Германскиот амбасадор ја врачи последната виза на граѓанин на Косово

Германскиот амбасадор ја врачи последната виза на граѓанин на Косово

Приштина, 18 декември 2023 (МИА) – Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде ја врачи денеска последната туристичка виза на еден косовски државјанин пред укинувањето на Шенген-визите за Косово, што стапува во сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на платформата „Х“ Роде во оваа прилика изрази големо задоволство поради визната либерализација, нагласувајќи дека ерата на ограничување на движењето на косовските граѓани во Европа „конечно се затвора“.

- Возбудени што оваа ера конечно се затвора, отстапувајќи и место на заслужената визна либерализација за помалку од две недели. Заедно ги доведуваме домот и дијаспората поблиску, напиша германскиот амбасадор.

Добитник на последната туристичка виза од германската амбасада е Бујар Рустеми.

За работни, студиски и други видови визи процедурите остануваат исти и по настапот на визната либерализација, што значи дека косовските граѓани во иднина ќе можат да престојуваат во посети на своите блиски или како туристи во земјите од Шенген-зоната до 90 дена во текот на период од 180 дена. иа/паг/

Остани поврзан