Германската „Корона апликација“ преземена 15 милиони пати
- Германската „Корона апликација“, три недели по објавувањето, е преземена 15 милиони пати, соопшти Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).
Берлин, 6 јули 2020 (МИА) - Германската „Корона апликација“, три недели по објавувањето, е преземена 15 милиони пати, соопшти Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).
Апликацијата „Corona Warn-app“ треба да помогне да се следи заразата, со цел нејзино прекинување.
Покрај тоа, треба да помогне граѓаните кои се тестираат да го добијат резултатот од тестот што е можно побрзо.
Преку апликацијата, можно е и анонимно да се предупредат евентуални контакти за заразата, доколку имаат инсталирана програма, чиј развој беше поттикнат од Владата и кој се смета за важна алатка во натамошната борба против коронавирусот. паг/