• петок, 05 декември 2025

Германија ја прифаќа втората група Авганистанци од Пакистан

Германија ја прифаќа втората група Авганистанци од Пакистан

Исламабад, 24 септември 2025 (МИА) - По вторпат откако дојде до промена на владата, авганистански државјани со одобрение за преселување во Германија го напуштија Пакистан со авион, јави ДПА.

Дописникот на германската агенција од Исламабад наведува дека од аеродромот во овој град евакуираните Авганистанци се префрлаат во Германија со комерцијален лет, со едно попатно застанување во Истанбул.

Претходно овој месец, 47 лица од различни германски програми за преселување на ранливи Авганистанци по истата маршрута веќе беа префрлени до Хановер, а подоцна распределени низ германските покраини.

Многу авганистански семејства со месеци, па дури и со години, чекаат во главниот град на Пакистан да бидат префрлени во Германија. Претходната германска Влада во мај ја суспендираше својата програма за прифат на особено ранливите Авганистанци.

Програмата имаше за цел да ги прифати поранешните локални вработени во германските институции и нивните семејства, како и Авганистанци кои се изложени на ризик од прогон на талибанците, вклучувајќи адвокати за човекови права и новинари, појаснува ДПА.

Некои од евакуираните добија визи и покрај суспензијата на програмата откако добија судски случаи во Германија за да го обезбедат својот влез. Некои од нив се поддржани од германската организација Kabul Luftbrücke, што во превод значи Кабулски воздушен мост.

Во моментов, повеќе од 2.000 Авганистанци во Пакистан во рамките на програмата чекаат преселување во Германија. Некои неодамна беа приведени во Пакистан, а други беа депортирани во Авганистан, потсетува ДПА. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан