• понеделник, 23 декември 2024

Германија: Сè уште има политички затвореници со германско државјанство во Русија и Белорусија

Германија: Сè уште има политички затвореници со германско државјанство во Русија и Белорусија

Берлин, 3 август 2024 (МИА) - Германското министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека сè уште има „двоцифрен број луѓе“ со германско државјанство во затвори во Русија, а „едноцифрен број Германци“ се држат во Белорусија, пренесе ДПА. Оваа изјава доаѓа во контекст на најголемата размена на политички затвореници од Студената војна наваму, остварена во четвртокот меѓу Москва и Западот.

Руски власти околу две години одбиваат да дозволат претставници на германската дипломатска мисија да ги посетат затворениците со двојно државјанство - руско и германско, објаснува ДПА.

„Тие ги третираат луѓето со руско државјанство, кои имаат пасоши и на друга држава, главно како граѓани на Русија“, соопшти германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека Берлин не го споделува ова гледиште и се стреми „на секој начин“ да добие пристап до овие свои граѓани.

ДПА наведува дека меѓу ослободените во размената биле германскиот државјанин Рико Кригер, осуден на смрт во Белорусија, и четири лица кои биле затворени во Русија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан