• сабота, 21 декември 2024

Германија може ќе побара продолжување на рокот во кој мора да ги почитува буџетските правила на ЕУ

Германија може ќе побара продолжување на рокот во кој мора да ги почитува буџетските правила на ЕУ

Берлин, 16 октомври 2024 (МИА) – Германската влада размислува да упати барање до Европската комисија за продолжување на периодот во кој земјата е обврзана да ги почитува буџетските правила на Европската унија, јави ДПА, повикувајќи се на извори во Министерството за финансии во Берлин.

Германија може да побара да и се дозволи да се усогласи со барањата на ЕУ во рок од седум, наместо четири години. Можно е тоа да се случи поради влошените прогнози за економската состојба на државата во наредните години, посочуваат изворите на ДПА. Тие забележуваат дека евентуалното барање на Германија би било во согласност со релаксираните правила усвоени претходно оваа година за дозволените нивоа на буџетски дефицити и јавниот долг до кои секоја земја од ЕУ мора да се придржува.

Фискалните правила на Европската унија бараат буџетскиот дефицит на секоја од земјите на ЕУ да не надминува три отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП), а јавниот долг да биде под 60 отсто од БДП. Сепак, новите правила им даваат поголема слобода на поединечните земји од ЕУ при одредувањето на нивната фискална политика. јт/

Остани поврзан