• среда, 26 март 2025

Германија е „крајно вознемирена“ од извештаите за цивилни жртви во Појасот Газа

Германија е „крајно вознемирена“ од извештаите за цивилни жртви во Појасот Газа

Берлин, 24 март 2025 (МИА) - Берлин денеска соопшти дека е „крајно вознемирен“ од извештаите за бројни цивилни жртви во Појасот Газа по продолжувањето на израелските воени операции на палестинска територија, пренесоа француските медиуми.

-Ова е крајно загрижувачки бидејќи не само што го спречува ослободувањето на последните заложници во Газа, туку оваа ситуација има и последици, бидејќи хуманитарната ситуација во камповите е повторно катастрофална, рече Кристијан Вагнер, портпарол на Министерството за надворешни работи, повикувајќи ја израелската Влада да го врати хуманитарниот пристап до Појасот Газа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан