• сабота, 12 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Германец на возраст од 98 години обвинет за соучесништво во убиствa во нацистички концентрационен логор

Германец на возраст од 98 години обвинет за соучесништво во убиствa во нацистички концентрационен логор

Берлин, 1 септември 2023 (МИА) - Речиси 100-годишен маж е обвинет во Германија за соучесништво во убиствa додека бил чувар во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен од 1943 до 1945 година, за време на Втората светска војна, објавија денеска обвинителите.

Обвинението е поднесено до судот во Ханау, кој ќе одлучи дали ќе го испрати на судење, но доколку е така, ќе му се суди според законот за малолетници, земајќи ја предвид неговата возраст во времето на наводните злосторства. Сега 98-годишниот германски државјанин, чие име не е објавено, живее во областа Мајн-Кинциг во близина на Франкфурт.

Тој е обвинет по повеќе од 3.300 точки од обвинението за соучесништво во убиствa извршени меѓу јули 1943 и февруари 1945 година со „поддршка на сурово и злонамерно убиство на илјадници затвореници како припадник на СС единицата“, се вели во соопштението на обвинителството во Гисен.

Обвинителите соопштија дека психијатрискиот експерт минатиот октомври утврдил дека тој е способен да му се суди. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан