• петок, 22 ноември 2024

Герасимовски: Секое дете треба да има можност да го исполни својот сон

Герасимовски: Секое дете треба да има можност да го исполни својот сон
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Општина Центар ја прославува Детската недела која започнува денеска со музички изведби, детски претстави, спортски активности во Паркот на Франкофонија, на кои се претставуваат деца од градинките и ученици од сите основни училишта во Општината. Како што информираат од Општината, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски пред децата ја истакна нивната важност како најдрагоцено богатство и иднина на секое општество. - Секое дете и секој млад човек е важен чинител во општество. Затоа е важно на секое дете да му се даде можноста да го оствари својот сон и аспирации, да ги каже своите размилувања и делувања со цел да земе активна улога во општеството. Ние возрасните како ваши воспитувачи, наставници, родители имаме обврска да ве поттикнуваме и да ве насочуваме кон негување на вашите интереси и реализација на истите, посочи Герасимовски во Паркот на Франкофонијата. Градоначалникот на Центар, исто така, зборуваше и за правата на децата според Член 27 од Конвенцијата на Обединетите нации, како правата на образование, здравствена грижа, слобода на изразување на своите ставови, чувства и желби, правото на државјанство, право на игра и љубов и обврските на локалните самоуправи истото да го обезбедат. Тој се осврна и на рано детектирање и спречување на сите форми на насилство, меѓу кои и булингот. - Вие исто така мора да бидете заштитени од сите форми на насилно вклучувајќи го и булингот кој е застапен од најрана возраст. Вашите воспитувачи, наставници и стручни лица во градинките и училиштата се ваши пријатели, доколку имате проблем разговарајте со нив. Проблемите мора се споделуваат за да може да се решат. Воспитувачи, наставници внимавајте на однесувањето на децата и учениците и бидете првиот детектор дека нешто се случува. Во училиштата и градинките мора да биде спречена секаква форма на насилство и на тоа постојано мора да се работи, изјави Герсимовски. Тој им порача на децата да уживаат во детството, играат и се дружат, спортуваат и внимаваат на животната средина. сст/сп/

Остани поврзан