• петок, 16 мај 2025

Герасимовски: Противпожарната обука и брзата реакција се клуч за безбедноста на институциите и вработените

Герасимовски: Противпожарната обука и брзата реакција се клуч за безбедноста на институциите и вработените

Скопје, 28 април 2025 

По повод 28 Април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во Општина Центар се спроведе обука за ракување со противпожарни апарати.

„Едукацијата за безбедносни процедури и правилно ракување со противпожарна опрема е од суштинско значење за безбедноста на секоја институција. Со знаење и навремена реакција спасуваме човечки животи и ја подигаме свеста на секој поединец“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Обуката опфати теоретски и практичен дел, вклучувајќи основи на превенција од пожари, запознавање со различни типови противпожарна опрема и правилна употреба на апаратите за гасење на пожари. Преку симулации и вежби, учесниците стекнаа практични вештини за навремено дејствување при појава на пожар.

Обуката ја спроведе лиценцирана фирма за сервисирање на противпожарни апарати ,,Пламстоп".

 

Општина Центар

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан