Герасимовски: Пристигнаа првите ученички униформи, во тек е дистрибуција до сите основни училишта во Центар
- Општина Центар за првпат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар.
Скопје, 29 август 2025 (МИА) - Општина Центар за првпат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар.
-Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината и со име на секое училиште поединечно. Во понеделник, сите ученици ќе ги добијат униформите на првиот училишен ден, верувам дека тие ќе бидат среќни и горди што ќе ја носат оваа униформа, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Со оваа активност, додаде, Општина Центар го подигнува квалитетот на основното образование, што вклучува и инвестиции во училишна инфраструктура, дигитализација и безбедност.вј/
Фото: Општина Центар