• понеделник, 04 ноември 2024

Герасимовски: Преку „Екопикник“ ги промовираме и поддржуваме домашните производители

Герасимовски: Преку „Екопикник“ ги промовираме и поддржуваме домашните производители

Скопје, 20 мај 2023 (МИА) - Во Паркот на франкофонијата денеска за првпат се одржа манифестацијата ЕКОПИКНИК во организација на Општина Центар, проследена со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството.

Како што информираат од општината на настанот се извршила промоција на македонски локални производи, производители на храна и пијалаци, а на штандовите беше застапена традиционалната македонска храна.

Во музичкиот дел на манифестацијата настапиле децата од градинките и основните училишта како и Здружението на пензионери и Ансамлот „Кочо Рацин“ од Општина Центар.

-Со гордост можам да кажам дека Општина Центар вложува многу во заштита и минимизирање на негативните влијанија врз економската состојба на нашите семејства. Тоа го постигнуваме преку креирање програми и проекти посветени на семејствата. Токму тука во текот на вчерашниот ден доделивме 130 решенија за финансиска поддршка на семејствата со новороденче. Ова е само еден дел од помошта што Општина Центар ја доделува со цел заштита на семејствата. Исто така Општина Центар силно инвестира во градинките и училиштата и вложува во нови објекти бидејќи ги вреднува нашите деца и нивната иднина, изјавил Герасимовски.

Целта на настанот е поттикнува дружење и забава, во насока на негување и зачувување на македонската гастрономска традиција и култура. На овој начин општината ги поддржува и малите локални екопроизводители кои денес ги промовираат своите гастрономски иновации. свс/нд/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан