Герасимовски: ООУ „Св.Кирил и Методиј“ добива нова и целосно опремена сензорна соба
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 24 декември 2024
Општина Центар и Рамстор Македонија денеска организираа предновогодишен настан кадешто Златните славејчиња и Дедо Мраз ги израдуваа најмладите, децата во социјален ризик од основните училишта во Општина Центар, првачињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и лицата со Даунов синдром од здруженијата „Трисомија 21” и „Доза среќа”.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека голема е честа што заедно се собрани да подарат радост, среќа и насмевки на најмладите во пресрет на новогодишните празници.
„Среќен сум што заеднички организиравме една предновогодишна забава во која дечињата уживаа на песните на Златните славејчиња, играа и пееја создавајќи спомени што ќе ги носат со себе во новата година. Голема благодарност до менаџментот на Рамстор Македонија којшто е пријател на општината во поддршка на образовни проекти. Во новата 2025 година, со финансиска поддршка на овој трговски центар, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие нова и целосно опремена сензорна соба. Со оваа инвестиција, создаваме подобро инклузивно образование во Општина Центар и подобри услови за развој на нашите деца. Ви благодарам и Ви посакувам среќна и успешна 2025 година за сите!“, рече Герасимовски.
Во своето излагање, тој се заблагодари на генералната директорка на трговскиот центар, г-а Даниела Адемоска и јавно и додели признание за досегашната соработка и реализираните проекти.
Со почит,
Општина Центар
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: Општина Центар