• понеделник, 23 декември 2024

Герасимовски: Здружението за пензионери Центар одбележува 70 години од постоењето

Герасимовски: Здружението за пензионери Центар одбележува 70 години од постоењето

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Центарскиот градоначалник Горан Герасимовски денеска оствари средба со членови на Здружението за пензионери од Центар кое годинава одбележува 70 години од основањето. На средбата, на која присуствуваше и претседателот на здружението, Злате Стефановски, станало збор за посветеноста на општината за унапредување на здравјето и правата на пензионерите преку проектите од областа на културата, социјално-здравствената заштита, спортот и друго, кои локалната самоуправа ги спроведува за повозрасните граѓани на општината.

Здружението на пензионери на Центар има 11.000 членови, а основано е на 22 јануари 1954 година. Герасимовски доби и благодарница од Здружението во име на посветеноста и успешното реализирање на проектите кои се од големо значење за пензионерите.

- Искрено благодарам на доделеното признание за посветеноста, соработката и проектите кои општината ги прави за вас пензионерите. Вие сте нашите татковци и мајки и вие го заслужувате најголемото внимание. Затоа наша задача е да се грижиме за вашето здравје преку реализирање на нови проекти значајни за вас. Овој значаен јубилеј во себе содржи многу вложен труд, знаење и искуство на генерации и генерации кои беа активни членови на здружението и кои делуваа во пензионерското организирање во Општина Центар. Здружението на пензионери е синоним за најурбаното, најградското здружение на пензионери со традиција и култура која опстојува и денес. Ќе продолжиме да ја негуваме и издигнеме оваа наша соработка на уште повисоко ниво и се надевам дека во периодот што следи ќе успееме да ги реализираме сите ваши барања и потреби, истакна Герасимовски.

Од Општина Центар потенцираат дека го спроведуваат проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ преку кој пензионерите од Центар добиваат професионална нега од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во домашни услови.

- Општина Центар за пензионерите обезбедува и бесплатни стоматолошки услуги и во последните две години издвои 6.800.000 денари финансиска поддршка за пензионерите со пензии до 20.122 денари. Минатата година општината отвори три нови пензионерски клуба и обезбеди нови и поголеми простории за пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња“ близу Заводот за рехабилитација во Капиштец, информираат од општината. ир/дма/

 

Фото: Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан