• сабота, 27 јули 2024

Герапетритис се сретна со Камерон во Брисел

Герапетритис се сретна со Камерон во Брисел

Атина, 29 ноември 2023 (МИА) – На маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис се сретнал со неговиот британски колега Дејвид Камерон, прва средба откако премиерот на Велика Британија ја откажа средбата со премиерот на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА брифирале дека средбата била на барање на Камерон, а Герапетритис укажал на несогласувањето во однос на прашањето за враќање на скулптурите на Партенон, а двајцата министри се согласиле дека потребна е соработка за зачувување на билатералните односи меѓу Грција и Обединетото Кралство и справување со заедничките предизвици.

Шефот на грчката дипломатија утрово од Брисел рече дека грчката Влада излезе со став во врска со откажувањето на средбата на Мицотакис со Сунак и истакна дека „барањето за повторно обединување на скулптурите на Партенон е барање кое произлегува од правото, од историјата и од универзалните културни вредности“.

-Без разлика на ова, убедени сме дека билатералните односи меѓу Грција и Обединетото Кралство треба да бидат добри и со мојот колега ќе работиме во оваа насока, рече Герапетритис. ср/

Остани поврзан