• петок, 05 декември 2025

Герапетритис на Качка му ја потврдил непоколебливата поддршка на Грција за Украина

Герапетритис на Качка му ја потврдил непоколебливата поддршка на Грција за Украина

Атина, 20 август 2025 (МИА) – Непоколебливата поддршка на Грција за Украина, ја повторил шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со вицепремиерот на Украина задолжен за европска и евроатлантска интеграција Тарас Качка, соопштија преку Икс од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на разговорот, според грчкото МНР, двајцата министри дискутирале за „неодамнешниот напредок и тековните напори за постигнување праведен и траен мир, кој ќе ги заштити виталните интереси на Украина и ќе го почитува нејзиниот суверенитет“.

Исто така разговарале и за процесот на интеграција на Украина во Европската Унија. ср/ссм/

Фото: Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан