Герапетритис и Гилфојл го потврдиле одличното ниво на односите меѓу Грција и САД
- Одличното ниво на односите меѓу Грција и САД, го потврдиле шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и новата американска амбасадорка Кимберли Гилфојл на нивната денешна средба, како што информираа преку Икс од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 4 ноември 2025 (МИА) – Одличното ниво на односите меѓу Грција и САД, го потврдиле шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и новата американска амбасадорка Кимберли Гилфојл на нивната денешна средба, како што информираа преку Икс од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Герапетритис и Гилфојл се согласиле „да работат заедно за зајакнување на билатералната соработка и стратешкото партнерство меѓу Грција и САД“.
Гилфојл пред средбата со министерот за надворешни работи во претседателската палата му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Грција Константинос Тасулас и одржаа тет-а-тет средба. ср/сд/
Фото: Министерство за надворешни работи на Грција