• недела, 24 ноември 2024

Георгиевски: Се грижиме за земјоделците – нови 8,8 милиони евра преку ИПАРД Програмата

Георгиевски: Се грижиме за земјоделците – нови 8,8 милиони евра преку ИПАРД Програмата

Скопје, 7 август 2023 

Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и за земјоделскиот сектор.

Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма и прва земја во регионот подготвена да започне со користење на ИПАРД 3 програмата.

Од ИПАРД 2 програмата се искористени 98 отсто од средства, со склучени 2369 договори.
 
Објавен е последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3, за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75 отсто средства обезбедени од ИПАРД и 25 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони  евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18-ти  септември 2023 година.

Овој последен јавен повик се објавува со цел овие 8.8 милиони евра како последни средства од ИПАРД 2 програмата, да бидат инвестирани дома и со тоа во целост да биде реализирана програмата, без ниту еден денар вратен назад.

ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме.

За СДСМ развојот и модернизацијата на земјоделството, како и поддршката за земјоделците е врвен приоритет.

Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото СДСМ 

 

 

 

Остани поврзан