• понеделник, 22 јули 2024

Генерал Коен: ИДФ се наоѓаат на портите од градот Газа

Генерал Коен: ИДФ се наоѓаат на портите од градот Газа

Газа, 1 ноември 2023 (МИА) - Командантот на 162 дивизија на ИДФ, Ицик Коен, вели дека нивните војници се „пред портите на градот Газа“.

Коен, говорејќи пред новинарите во близина на Појасот, вели дека „Хамас ја избра оваа војна, а не тие“.

Тој вели дека пред пет дена неговата дивизија „доби важна задача, да оди и решително да го докрајчи Хамас“.

Коен посочи дека во текот на изминатите пет дена уништиле голем дел од способностите на Хамас, ги нападнале неговите стратешки објекти, целата негова низа експлозиви, ги уништиле подземните тунели и други објекти.

-Ова е долга задача и е војна за постоењето на државата Израел. Ние ќе победиме, рече Коен. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан