• вторник, 26 ноември 2024

Генералштабот на српската армија покрена иницијатива за враќање на задолжителниот воен рок

Генералштабот на српската армија покрена иницијатива за враќање на задолжителниот воен рок

Белград, 4 јанаури 2024 (МИА) - Генералштабот на српските вооружени сили  покрена иницијативата и му предложи на претседателот Александар Вучиќ повторно  да се воведе обврска за служење на воениот рок, во времетраење до четири месеци, соопштија  од Министерството за одбрана.

Како што се наведува во соопштението, тоа е направено со цел да се зголемат одбранбените способности на вооружените сили на Србија, преку подмладување и подобрување на пополнувањето и обуката на активните и резервните сили.

„Предлогот на Генералштабот на српските вооружени сили доаѓа по детално разгледување на општата безбедносна ситуација и современите предизвици со кои се соочува Република Србија како воено неутрална земја, што наметна потреба од прилагодување на моделот на регрутирање на српската Вооружени сили, со што би се овозможило зајакнување на севкупниот регрутен потенцијал и обука на поголем број граѓани за одбрана на нашата држава“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за одбрана.зш/

фото:МИА архива

Остани поврзан