• сабота, 21 декември 2024

Генерал-полковник Сирски нареди зајакнување на одбраната во Источна Украина

Генерал-полковник Сирски нареди зајакнување на одбраната во Источна Украина

Киев, 4 октомври 2024 (МИА) – Началникот на украинската армија генерал-полковник Олександар Сирски денеска нареди да се зајакне одбраната на украинската Доњецка област, еден ден откако украинските војници се повлекоа од градот Угледар.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го призна поразот во Угледар, истакнувајќи оти важно прашање е повлекувањето на војниците и зачувувањето на човечките животи.

Руската армија постепено освојува територија во различни делови на Источна Украина и покрај упадот на украинските војници во руската Курска област на 6 август. Киев се надеваше дека тоа ќе ја забави руската офанзива.

Руската армија сега контролира една петтина од територијата на Украина. Според рускиот претседател Владимир Путин основната тактичка цел на Москва е целосно заземање на Доњецката и на Луганската област. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан