• недела, 21 јули 2024

Генерал-полковник Кундид е новиот началник на ГШ на вооружените сили на Хрватска

Генерал-полковник Кундид е новиот началник на ГШ на вооружените сили на Хрватска

Загреб, 1 март 2024 (МИА) – Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Зоран Милановиќ го именува генерал-полковник Тихомир Кундид за началник на Генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска.

Именувањето на Кундид е на предлог на Владата и по добиеното мислење од Комисијата за одбрана на хрватскиот Сабор.

Кундид доаѓа на местото на поранешниот началник на вооружените сили адмирал Роберт Храњ. ми/

фото: Икс

Остани поврзан