Генерално чистење на скопската чаршија
- Во текот на изминатите неколку дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за генерално чистење на Старата скопска чаршија, информираат од јавното претпријатие.

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Во текот на изминатите неколку дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за генерално чистење на Старата скопска чаршија, информираат од јавното претпријатие.
Во рамките на акцијата било извршено рачно и машинско метење, како и рачно миење на целокупниот простор на чаршијата.
- Воедно, в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Јетон Незири, реализираше средба со претставниците на Здружението на еснафот на чаршијата, со коишто беше дискутирано дека и во претстојниот период претпријатието ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хигиената на оваа значајна туристичка атракција во градот Скопје, информираат од „Комунална хигиена“. ир/дма/
Фото: ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје