• понеделник, 23 декември 2024

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Сајкоски на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Сајкоски на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија

Скопје, 29 јули 2023


Денес ја имав таа чест да присуствувам на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ под мотото „Македонците - нераскинлив дел од Албанија“, каде покрај другото се зборуваше и за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија.

Овој конгрес покажа единство и визија како натаму да ги унапредиме правата на Македонците во Албанија, како на политички така и на економски план.

ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на Македонците во соседството.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан